Аудиометрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Испитување на слухот

Аудиометрија – неинвазивна дијагностичка постапка со која се испитува слухот и се утврдува негово оштетување, како и местото и степенот на евентуалното оштетување. Се работи за рутинско испитување на слухот или кај испитаници со веќе регистрирано оштетување на слухот. Може да се врши и кај деца над петгодишна возраст. Испитувањето е потполно безболни и комфорно и трае околу 20 минути.

При испитувањето на слухот испитаникот се наоѓа во специјално дизајнирана просторија за аудиометрија – тивка комора или слушна кабина. Ѕидовите на овие простории треба да ја апсорбираат не само надворешната бука, туку и внатрешните звуци. Последниве со рефлексија од ѕидовите би можело да се засилат, па е неопходно да бидат брзо апсорбирани. Одржувањето на јачината на звукот после престанувањето на дејството на звучниот извор кој го предизвикал се нарекува ревербација или време на ревербација и тоа мора да биде многу кратко, најмногу 0,2-0,5 секунди.[1]

Аудиометар

Аудиометар[уреди | уреди извор]

Аудиометарот е мерен инструмент кој се користи за испитување на осетливоста на слухот. Со аудиометрија се одредуваат границите на чујното поле како во поглед на интензитетот, така и во поглед на честотите. Испитување се врши така што добиените вредности се споредуваат со стандардите добиени на голем број луѓе со нормален слух.

Аудиограм[уреди | уреди извор]

Графичкиот запис кој се добива со аудиометрија се нарекува аудиограм и претставува слушното поле на испитаникот и го прикажува распонот на сите интензитети и честоти на звуците кои испитаникот ги слуша. Обично се прикажува како крива во координатен систем која на хоризонталната оска ги има нанесено честотите на звуците, а на вертикалната оска јачината на звуците.

Аудиометрија

Видови аудиометрија[уреди | уреди извор]

Аудиометријата може да биде тонална и говорна. Тоналната аудиометрија понатаму се дели на лиминарна (праговна) и супралиминарна (супрапраговна).[2]

Говорна аудиометрија[уреди | уреди извор]

Кај испитаниците со оштетен слух на овој начин се одредува процентот на зачувана разбирливост на говорот. Наместо тон се применуваат посебно избалансирани зборови со познато значење со точно одреден број на согласки и вокали. Испитаникот гласно ги повторува зборовите кои ги чул, а резултатот се внесува во посебен говорен дијаграм. Овој метод е посебно важен при избор на слушни апарати.

Тонална лиминарна аудиометрија[уреди | уреди извор]

Овој метод претставува испитување на прагот на чујност или граница на чујноста на чисти тонови во распон од 125 do 8000 Hz. Чистиот тон е потполно одреден со интензитетот и честотата.

Тонална супралиминарна аудиометрија[уреди | уреди извор]

Тоналната супралиминарна аудиометрија е метод со кој се испитува слухот над прагот на чујност, а целта е да се утврди како се однесува слухот при повисоки интензитети на слухот.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Audiometrija“. Centar za sluh i ravnotežu.
  2. Andrić, Vukašin. OTORINOLARINGOLOGIJA. Univerzitet u Prištini. стр. 22–24. ISBN 86-7412-020-2.