Атлантис Парадајз

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралските кули поврзани со Мостот. Апартманите овде се едни од најскапите хотелски апартмани во светот: чинат околу $25,000 за една вечер.

Атлантис Парадајз островот е одморалиште и воден парк кој се наоѓа на Парадајз островот, Бахами. Официјално бил отворен во 1998, и бил создаден од магнатот Сол Керзнер. Парадајз островот прво ги отворил Коралнаите Кули и Кулите на плажата како Трумп Плаца, потоа го сменил името во Атлантис кога Ројал Кулите биле изградени. Коралните Кули и Кулите на плажата биле обновени за да се совпаѓаат со темата на Ројал Кулите. На 28 Март 2007 луксузен хотел со 600 соби наречен The Cove Atlantis бил отворен на Парадајз островот.[1] Друга кула, 497 собна Риф Атлантис, била отворена на 19 Декември 2007.[2]

Сместувања[уреди | уреди извор]

Сместувањата ги вклучуваат:

  • Кулите на плажата, порано познати како Парадајз Бич Хотел, е најстарата зграда на Атлантис
  • Коралните кули, порано познати како Британи Бич Хотел
  • Ројал Кулите го има апартманот „Bridge Suite“, рангиран во 2003 од Форбс како најскапата хотелска соба во светот. Заедно со скорашно изградените хотели последниве неколку години, Атлантис е вклучен како еден од најскапите хотели во светот.[3]
  • Харборсајд Резорт се состои од 392 вили и има ресторан на пристаништето, базен, базен за деца со водни фонтани, фитнес центар, разновидни продавници, итн.
  • Гребенот, најновата зграда во Атлантис се состои од кондоминиум хотелски апартмани.
  • Коув Атлантис, е кула со 600 соби отворена во 2007

Атракции[уреди | уреди извор]

Аквавентура[уреди | уреди извор]

Отворен во 2007, на 141 ар, 200 милиони галонската Аквавентура се состои од лизгалишта, бавни реки, и брзаци во еден голем вотерскејп. Главната атракција тука е Пауер Кулата која има 4 водни спустови. Аквавентурата ја вклучува и една од најпопуларните атракции во Атлантис, Струјата.

Струјата[уреди | уреди извор]

Струјата е долга 1 милја, со три милиони галони вода создава бранови и вештачки плима и осека.

Спустови од храмот на Маите[уреди | уреди извор]

Во Ројал Кулите се наоѓа Храмот на Маите кој е забавна атракција која се состои од 4 главни спуста: Скок на судбината (Leap of Faith), Предизвикувачкиот спуст (the Challenger Slides), Змијскиот спуст (the Serpent Slide), и Спуст низ џунглата (the Jungle Slide).[4]

Дупката[уреди | уреди извор]

Дупката претставува серија од аквариуми што се наоѓаат под лобито на Ројал Кулите и е најголемиото отворено морско живеалиште во светот. Стотици различни водни видови животни може да се забележат во некој од овие аквариуми како ајкули, манта ражи од кои една е поголема од 10 стапки, и различни видови на медузи. Целта на Дупката е да им обезбеди на гостите да го почувствуваат вкусот на животот во легендарниот уништен град Атлантида. Ако некој го набљудува дното на аквариумите, рушевини и ѓубре ќе бидат расфрлени за да го претстават „Изгубениот град Атлантида“. Предаторската лагуна е полна со баракуди и други егзотични риби. 30 метарскиот чист воден тунел се наоѓа под вода, овозможувајќи им на посетителите јасен поглед кон морската средина.

Атлантис Лајв[уреди | уреди извор]

Во последниве неколку години, Атлантис вложи напори да биде домаќин на концерти и други настани. Џонас брадрс, Тејлор Свифт, Џастин Бибер, Сара Барел, Пол Потс, Кејти Пери, NSYNC, Шерил Кроу и Лејди Антебелум сите одржале концерти или надвор (во Империската сала за бал) или во Атлантис Театарот. Мајкл Џексон и Глориа Естефан исто така биле дел од изведби на ова место.

Марината и Марина селото[уреди | уреди извор]

Во одморалиштето има марина каде се закотвуваат големи јахти. Источниот дел од марината го вклучува и Марина селото, коешто претставува мал трговски центар кој потсетува на туристичките трговски центри, како Фануј Хол во Бостон или Даунтаун Дизни во Американските Дизни паркови. Центарот има бројни ресторани и продавници како Џони Рокетс и Старбакс.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Hotel Opening - The Cove Atlantis (2007)“. Hotel Chatter. 2007-04-19. Архивирано од изворникот на 2010-08-19. Посетено на 2010-03-15.
  2. „Reef Atlantis“. WhereToStay.com. Архивирано од изворникот на 2008-06-20. Посетено на 2010-03-15.
  3. „The World's most expensive hotel rooms (2003)“. Forbes Review. Архивирано од изворникот на 2007-08-06. Посетено на 2007-07-24.
  4. "Paradise Found", Forbes review

Надворешни врски[уреди | уреди извор]