Астероиди од типот G — релативно редок тип на јаглеродниастероиди кои сочинуваат околу 5 % од сите астероиди. Најпознат астероид од оваа класа е 1 Церера, воедно и најголемиот познат астероид.
Во класификацијата по SMASS, типот G одговара на типовите Cgh и Cg, зависно од присуството или отсуството на впивна особина на 0,7 μм. Типот G, типот C и некои ретки типови понекогаш заеднички се ставаат во пошироката група C на јаглеродни астероиди.