Алфа (биологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Социјалните групи често ги следат нивните алфи во активности.

Кај социјалните животни, алфа е поединец во заедница со највисокиот ранг. Кога еден мажјак и една женка ја исполнуваат оваа улога, тие се нарекуваат алфа пар. Другите животни во истата општествена група покажуваат почит или други симболички знаци на почитување кон алфата или алфите.

Кај хиерархиските социјални животни, алфите обично добиваат повластен пристап до храна и други пожелни предмети или активности, иако големината на овој општествен ефект варира во голема мера во зависност од видови.

Алфите можат да го постигнат нивниот статус преку супериорна физичка спремност и/или преку социјални напори и градење сојузи во рамките на групата.[1]

Позицијата на алфа, исто така, се менува кај некои животни, обично преку физичка пресметка помеѓу доминантно и потчинето животно.

Наводи[уреди]

  1. Frans de Waal (2007) [1982]. „Chimpanzee Politics: Power and Sex Among Apes“ (25th Anniversary издание). Baltimore, MD: JHU Press. ISBN 978-0-8018-8656-0. http://books.google.com/books?id=XsrhU2vV5PIC. конс. 13 јули 2011.