Алан Тејт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алан Тејт
Alan Tate
Alan Tate.jpg
Лични податоци
Роден на 2 септември 1982 (1982-09-02) (32 г.)
Роден во Исингтон, Англија
Висина &100000000000001850000001,85 м
Положба одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Свонзи Сити Свонзи Сити
Број 5
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2000–2004 Манчестер Јунајтед 0 (0)
2001-2002 Ројал Антверпен (позајмен) 17 (1)
2002–2003 Свонзи Сити (позајмен) 27 (0)
2003 Свонзи Сити (позајмен) 9 (0)
2004- Свонзи Сити 253 (5)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 јануари 2012

Алан Тејт (р. 2 септември 1982) е англиски професионален фудбалер, кој игра за Свонзи Сити во Премиер лигата.

Кариера[уреди]

Роден во Исингтон, Тејт ја започнал својата кариера тренирајќи во Манчестер Јунајтед а подоцна си заработил и професионален договор. Тој продолжил да настапува за резервистите на Јунајтед на кои бил и капитен, а во тимот заедно со него биле вклучени и играчи како Квинтон Фортјун, Лук Чадвик и Крис Иглс, па тој не успеал да се пробие во првиот тим. Тејт помина една сезона како позајмен во белгискиот клуб Антверпен пред да помине два последователни периода на заем во Свонзи Сити. Тој одигра голема улога во борбата на клубот против испаѓање од втората англиска лига во сезоната 2002-03, пред да потпише постојан договор со велшкиот клуб на 6 февруари 2004 година.

Првично играјќи како централен одбранбен играч, Тејт успешно се прилагоди и на новата улога како деснен бек, уште од моментот кога беше искористен на тој пост. Тој понатаму ја покажа својата сестраност со играње на неколку натпревари во центарот на халфовата линија во текот на периодот на криза на клубот со повредени играчи во сезоната 2005-06, во која тој бил именуван иза играч на клубот во годината. Тејт беше во тимот на Свонзи кој го освои Фудбал Лига Трофи финалето против екипата на Карлајл Јунајтед на 2 април 2006 година. По последниот свиреж, тој и Ли Трандл биле фотографирани како го држеле велшкото знаме со зборовите "Fuck off Cardiff", кој им бил предаден на нив од страна на навивачите на Свонзи. Двајцата фудбалери тврделе дека биле свесни за пораката напишана на знамето. На 24 јуни 2006 година, двајцата играчи биле казнети со неземање на плати за една недела и предупредени за нивното однесување во иднина од страна на Фудбалската асоцијација на Велс.

Свонзи Сити стигнаа до плеј-оф финалето на Лига Еден каде играа против Барнсли на 27 мај 2006 година. Натпреварот заврши нерешено 2-2 а по екстра времето, отиде и во пенал рулетот. По изведувањето на пеналите Свонзи е поразен со 4-3, а токму Тејт го промаши одлучувачкиот шут во последната петта серија, запечатувајќи ја промоцијата на Барнсли.

Тој продолжи главно да игра како десниот бек под раководството на менаџерот Кени Џекет и повремено во средниот ред за да ги покрие изостанувањата поради повреди во сезоната 2006-07. Кога поранешниот капитен на Свонзи Роберто Мартинез го презеде кормилото, како нов менаџер на клубот во сезоната 2007-08 сезона, Тејт го загубил своето место во тимот како десен бек од страна на новото засилување шпанецот Анхел Ранхел.

Во текот на сезоната 2008-09, Тејт бил искористен на сите можни позиции во одбраната, дури вклучувајќи ја и голманската позиција каде бранеше еден дел од мечот против Квинс Парк Ренџерс. По повредите на Маркос Пеинтер и Федерико Бесоне, Тејт играл како лев бек во остатокот од сезоната 2008-09. Тој имаше извонредна сезона, во наредната (сезоната 2009-10) кога тој во поголемиот дел од своите изиграни натпревари играше на неговата омилена позиција како централнен бек, најмногу поради повредата на Гери Монк кој пропушти голем период од сезоната. Тој, исто така беше и капитен во поголемиот дел од сезоната. Во сезоната 2010-11, под водството на новиот менаџер Брендан Роџерс, тој е постевен де игра како лев бек, иако тој одигра уште неколку натпревари како стопер во периодот кога Гери Монк одново страдаше од повреди.

На 28 август 2011 година, Тејт ја скршил ногата во автомобилска несреќа удирајќи со својот голф кабриолет во дрво. Поради повредата тој требаше да се врати на терените за цели шест месеци. Но, рехабилитацијата траела подолго па тој ја пропушта речиси целата сезона на својот тим во Премиер лигата. Тој го направи своето враќање, појавувајќи се во игра во финишот на натпреварот против неговиот поранешен тим Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во натпревар што беше претпоследен на Свонзи Сити во сезоната 2011-2012.

Надворешни врски[уреди]