Административно управување

Од Википедија — слободната енциклопедија

Административно управување — претставува систем на државно уредување по Втората светска војна во Југославија (ДФЈ). [1]

Средствата за производство преминале во сопственост на државата. Во рамките на аграрната реформа, земјата им била одземена на сопствениците и предадена на формираните задруги и земјоделски стопанства. Државата го вршела управувањето со стопанството и со установите преку механизми што самата ги организирала. Со претпријатијата се управувало преку државни органи на кои им било доверено раководењето со нив. Административното уредување било воведено со Општиот закон за државните стопански претпријатија, донесен во 1946 година, а се нарекувало административно-оперативно раководење. Овој систем на управување бил воведен и во другите области, како на пример државната управа, образованието, културата и слично. Овој систем на управување бил напуштен во периодот 1950-1953, кога е заменет со самоуправниот систем.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 14. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)