Адана (оро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Адана оро)

Адана — македонско машко народно оро што се изведува во полукруг, со почетно држење на рацете за рамо, а кон крајот тие се слободно спуштени и се држат за китките. Се игра во 2/4 метар во умерено брзо темпо. Орото започнува со балансирање, а потоа со потскокнувања, вртења и потклекнувања. Најчесто се игра во Велешко.

Литература[уреди | уреди извор]