Љубовта е подобра од кога и да било

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Љубовта е подобра од кога и да било“ (англиски: Love Is Better Than Ever) – американски филм од 1952 година, во режија на Стенли Донен (Stanley Donen) по сценариото на Рут Брукс Флипен (Ruth Brooks Flippen). Главните улоги ги толкуваат: Лари Паркс (Larry Parks), Елизабет Тејлор (Elizabeth Taylor) и Џозефин Хачинсон (Josephine Hutchinson). На Канскиот фестивал, Вендерс бил номиниран за „Златната палма“.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Џуд Паркер (го игра Паркс) е ерген кој го сака начинот на кој живее. Како ловец на таленти, тој оди во Њу Хејвн каде има состанок со сопственичката на школото за танцување Стејси Макабој (ја игра Тејлор). Подоцна, Стејси оди во Њујорк и таму пак се среќава со Џуд, кој ја носи на натпревар во бејзбол, на вечера и на танц. Стејси се заљубува во Џуд, но откако весниците во Њу Хејвн објавуваат дека тие се венчани, тој ја напушта Стејси. Меѓутоа, тогаш се менува неговото расположение, го фаќа тага и тој се смирува со Стејси.

Наводи[уреди | уреди извор]