Јован Кратовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован Кратовски ― еден од македонските книжевници од 16 век, поврзан со традициите на Кратовската книжевна школа.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основал своја школа во Кратово каде што го поминал поголемиот дел од својот живот. Подоцна се населил во Крајова, Влашко и таму ја продолжил својата книжевна дејност. Досега се идентификувани девет негови ракописи: еден молитвеник, еден литургијар и седум евангелија. Заслужен е за развивањето на словенското кирилично писмо како и за приближувањето на книжевноста на словенските народи во времето на турското владеење.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 209. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)