Ѓорги Карамешиноски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓорги Спасев Карамешиноски (1923 во Мешеишта, Охридско — 28 април 1945 во Кајгана) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ѓорги Спасев Карамешиноски е роден во 1923 година во селото Мешеишта. Се занимавал со земјоделство. Организирано работел во СКОЈ за движењето од 1943 година. Во НОБ стапува на 24 декември 1944 година. Како борец на 2 чета, 2 баталјон во Втората македонска ударна бригада, загинува на Сремскиот фронт кај Кајгана, на 28 април 1945 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)