Албумот има електронски звук, најмногу под влијание на рок сцената во 1980-тите, но, исто така, има и блуз песни како што се „Before You Accuse Me“, „Running On Faith“ и „Hard Times“. Најслиниот сингл од овој албум е „Bad Love“, песната која на Клептон му ја донесе греми наградата за најдобра машка вокална изведба и го достигна првотот место на листата „Album Rock Chart“. „Pretending“, исто така, го достигна првото место на истата музичка листа во претходната година, останувајќи на врвот пет недели („Bad Love“ на оваа позиција останала три недели).
Албумот имал умерен комерцијален успех достигнувајќи ја само 16 позиција на „Billboard 200“ музичката листа, но овој албум стана и првиот соло студио албум кој доби двојна платина. Ова е еден од омилените албуми на Ерик Клептон.[7]