Back Home е албум од британскиот гитарист, пејач и текстописец Ерик Клептон. Издаден е на 29 август 2005, на светско ниво, а ден подоцна и во САД. Овој е неговиот прв албум, после „Reptile“ (2001), кој вклучува нов и оригинален материјал од Клептон за разлика од неговиот претходен албум, „Me and Mr. Johnson“, каде што сите песни се на Роберт Џонсон, а преработката на Клептон.
„Say What You Will“ е песна која Клептон им ја понудил на јапонската музичка група „SMAP“.
Back Home е првиот студиски албум кој е издаден по смртта на неговиот добар пријател Џорџ Харисон во ноември 2001. Претходниот студиски албум е целосно составен од песни на Роберт Џонсон. Ерик Клептон, во негова чест, ја преработи песната „Love Comes to Everyone“ на Џорџ Харисон од неговиот албум „George Harrison“ од 1979. На оригиналната верзија, Клептон ја свири гитарата на почетокот. За време на турнејата на Џорџ Харисон и Клептон со неговиот бенд во Јапонија, оваа песна била отсвирена само еднаш, односно на првата вечер (1 декември 1991, во „Yokohama Areana“)