Пане Иванов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Панајот Иванов
Роден Неготино, Македонија
Починал Ќустендил, Бугарија

Панајот Иванов, познат како Пане или Пано, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Пане Иванов е роден во Неготино, тогаш во Отоманското Царство. По професија бил учител. Во 1894 година бил избран за прв претседател во тиквешкиот околиски комитет на Македонската револуционерна организација, основан од Даме Груев. Во 1901 година во текот на Солунската афера е уапсен, осуден и заточен во Подрум кале. Во пролетта 1903 година е амнестиран.

Во Првата балканска војна е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 3 чета при 3 Солунска дружина [1]. Носител е на орден „За храброст“ IV степен [2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 63.
  2. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 295.