Селото Плевење е во сопственост на семејството Лопатаровци (кое исто така има голем имот во Папрадиште), кое во минатото е купено од турски бег за канта злато. Селото е купено за чување на овците во зимскиот период. Според пописот од 2002 г. селото се води со 2 жители[2]. Потомците на Лопатаровци во селото ги одржуваат трите куќи и истите ги користат во зима за лов.
Според истражувањата од 1967 година, родови во селото се
Доселеници: Лопатари (12 к.) доселени се од мијачкото село Папрадиште. Овде се доселиле тројца браќа, Никола, Стојан и Цветко. Подалечно потекло имаат од мијачкиот крај.[7]