Лисиче (Велешко)
- За други значења на поимот Лисиче видете на појаснителната страница
Лисиче | |
Координати 41°40′32″N 21°36′30″E / 41.67556° СГШ; 21.60833° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 128 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 29038 |
Лисиче на општинската карта Атарот на Лисиче во рамките на општината | |
Лисиче — село во Општина Чашка, во околината на градот Велес.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
- Лисиче — село во Општина Чашка. Недалеку од селото се наоѓа истоимената акумулација Лисиче.
Историја[уреди | уреди извор]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[2]
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во 2002 година во селото имало 159 жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 128 жители, од кои 126 Македонци и 2 Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 595 | 616 | 430 | 455 | 460 | 366 | 329 | 219 | 205 | 159 | 128 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
Родови[уреди | уреди извор]
Лисиче е македонско село.
Според истражувањата од 1966/67 година, родови во селото се
- Киковци (14 к.), Јанаќијовци (6 к.), Андеевци (6 к.), Ончевци (6 к.), Смиљановци (3 к.), Мојинчевци (4 к.), Бадниковци (3 к.), Јанчевци (3 к.), Богоевци (2 к.), Чулумаровци (2 к.), Кечановци (9 к.), Жежовци (5 к.) и Мечкалевци (1 к.) сите наведени родови се староседелски.
- Поповци (4 к.) доселени се во XIX век. Доселени се од некое село во околината на Корча во Албанија.
- Изворковци (4 к.) доселени се од селото Извор. Го знаат следното родословие: Пано (жив на 80 г. во 1966/67 година) Диме-Андон-Дане.
- Маџировци (5 к.) доселени се од селото Бусилци.
- Танушовци (2 к.) доселени се од селото Еловец. Таму припаѓале на родот Шоповци, доселен однекаде.
- Маневци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде.[7]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
- Верски објекти
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 2229 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 112 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
- Иваница — населба од доцноантичко време
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
После Втората светска војна се иселиле во Скопје (40 семејства) и во Велес (8 семејства).[7]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 7,0 7,1 Трифуноски, Јован. Област Бабуне и Тополке. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|