Мугер Фугер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Mooger Fooger)
Мугер Фугер
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиинди рок, панк, гранџ, пост панк
Период на активност2004 година - денес
Членови
Сеад Хаџиќ - Сецко (гитара)
Антонио Дојчиновски - Дојчин (бас гитара)
Виктор Гајтановски (вокал, гитара)
Огнен Мангаровски - Оки (гитара)
Андреј Анастасов - Еди (тапани)
Јована Гајтановска(помошен вокал)
Сандра Георѓиевска(помошен вокал).
Поранешни членови
Сеад Хаџиќ - Сецко (гитара)
Антонио Дојчиновски - Дојчин (бас гитара)
Енис Хаџиќ-Енко(пеач)
Огнен Мангаровски - Оки (гитара)
Тони Мичевиќ (гитара, бас, сентисајзер)
Петрит Сарачини-Мра(вокал)
Соња Димитријоска(вокал)
Виктор Гајтаноски(гитара,вокал)
Миодраг Мариќ(тапанар)
Андреј Атанасов-Еди(тапани)
Дарко Тасевски(гитара)
Ристе Гоцев-Шикси(пеач)
Горан Трајкоски(вокал)
Надежда Петровска(вокал)
Ѓоко Максимовски-Џоле(бас)

Мугер Фугер[1] (латиница: Mooger Fooger) — македонска рок-група, формирана во 2004 година. Името на групата доаѓа од аналогните педали за електрична гитарамугерфугер“. На почетокот од 2005 година, во скопската населба Ново Лисиче бил формиран бендот Мугер Фугер.

Нејзини оригинални членови биле: Сеад Хаџиќ - Сецко (гитара), Антонио Дојчиновски - Дојчин (бас гитара), Виктор Гајтановски (вокал, гитара), Огнен Мангаровски - Оки (гитара) и Андреј Анастасов - Еди (тапани). Како придружни вокали се појавувале Јована Гајтановска и Сандра Георѓиевска.

Историја[уреди | уреди извор]

Уште во 2002 година, Сецко направил неколку музички теми што требало да бидат основа за надоградување, а подоцна и за вметнување вокали, за нови песни во опусот на Last Expedition. Но Енис Хаџиќ-Енко повеќе не бил заинтересиран да ја продлжува таа приказна. Една од темите што ја имал создадено за Last Expedition, а кои подоцна биле поместени на дебиалбумот на новиот бенд, била песната по која и го именувал новиот состав – Мугер Фугер.

Поточно, и името на песната и името на бендот дошле во ист момент, кога темата и уште два други инструментали Out of tune и Tune требало да бидат пуштени на радиото „Канал 103“, па и некако најавени. Со оглед на тоа дека кога станало збор за музика, Сецко секогаш прво помислувал на колекционерски гитарски антиквитети и гитарски педали, за да дојде до име, си го поставил прашањето каква педала за гитара сакал да има, но ја нема. Одговорот ќе го даде и името на песната и на бендот – Мугер Фугер.

Од почетокот, па сè до денес, со Сецко во целокупниот креативен процес бил и вториот гитарист на Last Expedition, Огнен Мангаровски. На почетокот басист бил Антонио Дојчиновски-Дојчин, а во процесот на снимање помогнал и Тони Мичевиќ на гитара, бас и на синтисајзери. Фронтменската позиција, Сецко прво му ја понудил на Енко, потоа и на Васко Атанасоски, но двајцата одбиле со образложение дека се работи за сериозен материјал што заслужува вокал што целосно ќе му се посвети на бендот. Така, фронтменското место, слично како и тапанарското, останале празни еден подолг период.

Додека работел на првиот албум, дилемата за вокали Сецко ја решил со употреба на семплови, па само во три од поместените теми вокалите биле вистински, Петрит Сарачини-Мра и Соња Димитријоска во Joy joke и Vox is murder. Истоимениот деби-албум Мугер Фугер содржел 12 теми кои Сецко ги селектирал од околу 30-ина работени во подготовките на материјалот. Албумот дизајнерски го оформува Михајло Мотевски-Моте, а бил објавен во есента 2005 година за етикетата на музичкиот дуќан „Record Records“. Непосредно пред новата година, бендот го промовирал и видеоспотот за својот промотивен сингл Oki trash, во режија на Јане Алтипармаков.

Веднаш по објавата на материјалот, во бендот влегол и гитаристот што во еден подолг период ќе биде носител на вокалните делници, Виктор Гајтаноски, и првиот редовен тапанар, Миодраг Мариќ. По неколкуте промотивни концерти во Скопје и низ Македонија, членовите на Мугер Фугер им се посветиле на своите секојдневни активности или ангажмани со други бендови. Единствено Сецко, без никаква пауза, се нафрлил да го доработи материјалот за следниот албум. Впрочем практиката на бендот уште од тој период билa на промотивните концерти, како оној во „Life Радио“ во 2006, да свири нов материјал, кој подоцна бил доработен во студио. Така било со популарниот Мугер Фугер 2. Албумот имал две песни повеќе од дебито, а вокалните делници биле испеани исклучиво на англиски јазик.

На концертот во 2007 Мугер Фугер го промовирал и новиот тапанар, Андреј Атанасов-Еди и новиот гитарист, Дарко Тасевски. Концертот бил најава и за блиската објава на новиот албум, со оглед на тоа дека голем дел од листата изведени песни биле целосно нови. Но, објавувањето на Luckiest Woman се пролонгирало до септември, а како издавач повторно го потпишал „PMG Recordings“. Luckiest Woman бил снимен во легендарниот простор за свирки, Домот на младите во Штип. Промоцијата била неколку месеци подоцна од самото издавање, во 2008 во клубот „Castro“, на заедничкиот концерт со српскиот бенд „Ana Never“. Подоцна организирале уште една промоција на летната сцена во МНТ, со акустичен концерт на кој како гостин на гитара и на сас свирел Мухамед Ибраими, а вокалите ќе бидат на Надежда Петровска.

Сецко не бил задоволен од гитарските пасажи на Виктор, па смислил и снимил нови гитарски аранжмани, со комплетен нов микс на материјалот. Во тој период, во бендот како вокал дошол пејачот од Кавадарци, Ристе Гоцев-Шикси. За првпат на еден студиски материјал на Мугер Фугер се појавиле и Горан Трајкоски и Надежда Петровска како вокали.

Албумот 4th of July бил најкомплексното издание на Мугер Фугер. Покрај стандардната четворка Сецко, Огнен, Дојчин и Сашко, која повторно ја снимила основата на материјалот, доста импресивна била и бројката на луѓе и на инструменти што учествувале во дотерувањето на песните, Игор Стојановски (Smut) на гитара, Димитар Петров на тапани, Иван Бејков на контрабас, Венко Серафимов на гитара, Мухамед Ибраихми на мандолина, Васко Бојаџиски на саксофон и Ружица Кочовска како придружни вокали.

На почетокот од 2011 година, по подолг период, Мугер Фугер излегол надвор од Македонија одржувајќи самостоен концерт во Приштина. Летото, албумот 4th Of July бил официјално објавен со логото на „Corpus Delicti Records“. Кратко по снимањето, за потребите на концертната презентација на материјалот, на бас-гитара се појавил Ѓоко Максимовски-Џоле. Во периодот во кој сè уште не завршило концертното претставување на 4th Of July, есента 2012 година Сецко снимил уште еден албум, за првпат во новото студио „Соник 57“ во Визбегово.

И покрај генерално воедначениот квалитет на материјалот, од одличниот но помалку мрачен албум на Мугер Фугер, една песна се издвоила во однос на приемот кај публиката, првиот голем радиохит на бендот. Албумот Ла Кања бил промовиран во 2013 во МКЦ. По долги години се иселил од зградата со број „13/13“, и се вратил во Ѓорче Петров на улицата „4 Јули“.

Промоцијата на албумот 13/13, со учество на безмалку сите што партиципирале во неговото снимање, се случило во 2014 во МКЦ. На бендот, само за овој концерт, му се придружил уште еден гитарист, Ивица Димитријевиќ од SIZ. Продолжи Да Сонуваш бил свирен, испеан, пишуван, сниман, продуциран, режиран, глумен, дизајниран, монтиран и најмногу сонуван, во периодот од октомври 2014 до март 2015 година.

Во 2015 година, Мугер Фугер бил еден од четирите одбрани македонски состави чие име се употребило во кампањата за скопско пиво. Засега последниот албум на Мугер Фугер, Фузија, бендот го отсвирил во 2016, на платото пред МКЦ. Тој бил еден од најдобрите настапи на бендот, вистинска ерупција на енергија и на емоции. Со девет албуми зад себе, употребувајќи само едно име – Мугер Фугер – по Леб и сол, станал вториот македонски бенд со толку многу албуми во својата дискографија. На почетокот од 2018 година Џано Куч, Сашко Костов, Сецко и Огнен се новостарата постава на бендот што започнал со снимањето на десетиот, јубилеен албум на бендот. Првиот концептуален албум на Мугер Фугер со работно име Татко.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
Mooger Fooger CD Record Records 2005
Mooger Fooger 2 CD PMG Recordings 2006
Luckiest Woman CD PMG Recordings 2007
Anna Gun CD PMG Recordings 2009
4th Of July CD Corpus Delicti Records 2011
La Kaña CD Dana Ando 2012
13/13 CD Литиум 2013

Компилации[уреди | уреди извор]

Наслов Носач на звук Издавачка куќа Година
V.A. - Зависна Листа.МК– Нов Бран / Oki trash CD PMG Recordings 2005
V.A. - Ако Никој Не Свири...Во Живо На Стотројка / Го мразам капитализмот CD Stotrojka 2008


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Филиповски, Тошо ((2018)). Македонска Рок Енциклопедија. Скопје: Корпус Деликти Рекордс. стр. стр. 219, 220, 221, 222. ISBN ISBN 978-608-66200-0-4 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help). Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)