Од Википедија — слободната енциклопедија
1494
Семејството Медичи завладеало со Фиренца .
1799
Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример “ предводен од Наполеон Бонапарт .
1918
Во Берлин , по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република . Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт .
1921
Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект .
1938
Кристална ноќ во Германија : нацистите убиле 92 Евреи , a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори . Започнала физичката ликвидација на Евреите .
1944
НОВ : Ослободен е Велес .
1971
Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации .
1985
Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот , по победата над Анатолиј Карпов .
1989
Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид .
1993
На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО ), во Рим , се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1993
Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар , изграден во 1566 г.