Од Википедија — слободната енциклопедија
590
|
Грегориј I станува папа.
|
1650
|
Трета англиска граѓанска војна: Битка кај Данбар
|
1651
|
Трета англиска граѓанска војна: Вустерска битка - Чарлс II е поразен во последната главна битка во војната.
|
1783
|
Американска револуционерна војна: Војната завршува со потпишувањето на т.н. Париски договор од страна на САД и Кралството на Велика Британија.
|
1855
|
Индијански војни: Во Небраска, 700 војници под раководство на Американскиот Генерал Вилијам С. Харни се одмаздуваат за Гратан Масакарот со напаѓање на Индјанско село, убивајќи 100 мажи, жени, и деца.
|
1892
|
Англискиот фудбалски клуб Нотингем Форест го одигра својот прв натпревар во лигата против ФК Евертон.
|
1901
|
На патот од Банско за Симитли, кај месноста Потпрена скала, четниците на Јане Сандански и Христо Чернопеев ја киднапирале протестантската мисионерка Мис Елен Стоун и нејзината придружничка Катерина Стефанова - Цилка.
|
1933
|
Во Софија излегол првиот број на „Македонска правда“, весник на македонската емиграција, кој ја поддржувал идејата за балканска федерација.
|
1939
|
Започнала Втората светска војна, со објавувањето на војна од страна на Франција, Обединетото Кралство, Нов Зеланд и Австралија против Германија по инвазијата на Полска.
|
1943
|
Во Сиракуза, Италија потпишано е примирје меѓу сојузниците и италијанската Влада на маршал Бадољо. Пет дена подоцна, Италија капитулира.
|
1967
|
Шведска ја менува страната на возење од лево на десно.
|
1971
|
Катар добива независност од Обединетото Кралство. За разлика од другите емирати, Катар одбива да стане дел на Обединетите Арапски Емирати или Саудиска Арабија.
|
1976
|
Програм „Викинг“: Вселенското летало „Викинг 2“ слетува кај Утопија Планитија на Марс.
|
1995
|
Основана е фирмата eBay.
|
1997
|
Кај селото Жидилово, кај Крива Паланка во Република Македонија пристигна природниот гас.
|