Од Википедија — слободната енциклопедија
1859
Првото издание на „За потеклото на видовите “ од Чарлс Дарвин излегло од печат и било распродадено истиот ден.
1936
Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтернски пакт , кој потоа го потпишаа и Италија , Манџурија , Унгарија , Шпанија и Албанија . Под Фирмата на овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како „Троен пакт“.
1944
Во ослободеното Скопје , само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија . Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои сѐ уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов - Шпато , Тодор Календаров , Петар Трајков , Стефан Кралев , Александар Шалев , Фрањо Млчок , Херман Зип , Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ .
1986
Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 05.01.1981 година.
1994
Во Скопје е отворена амбасадата на Руската Федерација .