Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот.
Излезе првиот број на „Екран“, како седмичен колор прилог на весникот „Нова Македонија“ за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март, 1975 година излегува одделно од „Нова Македонија“ како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада.