Шипша

Координати: 41°13′N 24°10′E / 41.217° СГШ; 24.167° ИГД / 41.217; 24.167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Шипша
Ταξιάρχες
Шипша is located in Грција
Шипша
Шипша
Местоположба во областа
Шипша во рамките на Драма (општина)
Шипша
Местоположба на Шипша во Општина Драма и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°13′N 24°10′E / 41.217° СГШ; 24.167° ИГД / 41.217; 24.167
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски округ
ОпштинаДрама
Општ. единицаДрама
Надм. вис.&10000000000000366000000366 м
Население (2001)[1]
 • Вкупно169
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Шипша (грчки: Ταξιάρχες, Таксиархес[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на 23 километри западно од градот Драма, на надморска височина од 366 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 241 Турчин[3].

Грција[уреди | уреди извор]

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 493 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 340 луѓе[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Таксиархес[5].

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1928 година во селото биле населени 42 грчки бегалски семејства со вкупно 122луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 122 лица, додека во 1940 година селото броело 274 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 267 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 295 жители, во 1971 година имало 183 жители, во 1981 година имало 135 жители, додека во 1991 година имало 149 жители[4]. Денеска, населението на селото е 169 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 274 267 295 183 135 149 169
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Фактичка состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δράνοβον -- Ταξιάρχες
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 198.
  4. 4,0 4,1 4,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 67.
  5. „Λιθοξόου, Δημήτρης. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.