Шашаварлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шашаварлија
Шашаварлија во рамките на Македонија
Шашаварлија
Местоположба на Шашаварлија во Македонија
Шашаварлија на карта

Карта

Општина Штип
Население 79 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 30070
Надм. вис. 601 м
Шашаварлија на општинската карта

Атарот на Шашаварлија во рамките на општината
Шашаварлија на Ризницата

Шашаварлија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во западните падини на Плачковица. Се наоѓа во северниот дел на територијата на Општината Штип, во изворишното сливно подрачје на реката Отиња. Селото е планинско, на надморска височина од 740 метри. Од градот Штип населбата е оддалечена 11 км.

Атарот зазема простор од 17,3 км2. На него пасиштата зафаќаат површина од 830 ха, на шумите отпаѓаат 630 ха, а на обработливото земјиште 210 ха.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, селото било дел од Штипската каза на Скопскиот Санџак, како дел од Косовскиот Вилает на Османлиската Империја.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото има мешовита земјоделска функција.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948339—    
1953358+5.6%
1961285−20.4%
1971235−17.5%
1981131−44.3%
ГодинаНас.±%
1991149+13.7%
1994126−15.4%
2002108−14.3%
202179−26.9%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шашаварлија живееле 730 жители, сите Турци.[3]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година селото имало 541 жител, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.[5]

Населбата е мала, којашто во 1961 година имала 286 жители, од кои 219 биле Македонци, а 58 жители Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 126 жители, од кои 85 се Турци, а 41 жители Македонци.

На пописот од 2002 година, селото имало 108 жители, од кои 23 Македонци и 85 Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 79 жители, од кои 10 Македонци, 1 Албанец, 67 Турци и 1 лице без податоци.[7]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 339
1953 333 25 ... 358
1961 219 58 ... ... ... 285
1971 208 27 ... ... 235
1981 86 45 ... 131
1991 59 90 149
1994 41 85 126
2002 23 85 108
2021 10 1 67 1 79

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 2313 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште. Во ова избирачко место е опфатено и селото Калапетровци.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 90 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Чепрево — населба од доцноантичко време

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 321.
  3. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 230. ISBN 954430424X.
  4. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 240.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]