Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Пазар

Координати: 40°47′8″N 22°24′51″E / 40.78556° СГШ; 22.41417° ИГД / 40.78556; 22.41417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка
Άγιας Παρασκευής
Поглед на црквата
Карта
40°47′8″N 22°24′51″E / 40.78556° СГШ; 22.41417° ИГД / 40.78556; 22.41417
МестоПазар
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типбазилика
ЗавршенаXV век
Управа
Архијерејско намесништвоПазарско
ЕпархијаВоденско-постолско-мегленска

Света Петка (грчки: Άγιας Παρασκευής) — црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата е изградена во XV век како џамија, веројатно мавзолеј на некој од наследниците на Евренос-бег, опишан од Евлија Челебија како направен од големи камења. Во 1947-1948 г. архимандритот Никандар Папајоану, сопственик на плац и на градбата, ја претворил џамијата во црква.[4][5] Во 1951 г. го подарил храмот, светиот кладенец и целата парцела на Воденско-постолската митрополија. Црквата работела како манастир околу четириесет години и има помошни градби и конаци. Од октомври 1995 г. храмот има улога на парохиска црква, а до него има гробишта.[5]

До храмот е изградена нова поголема црква.

Црквата е прогласена за историски споменик на 13 јуни 1990 г.[4]

Историја[уреди | уреди извор]

Првобитната градба е предниот дел на денешната црква — осумаголно здание типично за мавзолеите од XV век, со должина на ѕидот од 3,5 м и висина на куполата од 7 м . Подоцна таа служела како манастир. Направени се аркхитектонски измени и изградена е камбанарија на местото на урнатото минаре.[2] Живописувањето е дело на зографите Карлас, Вирон и Аврамидис.[1][2] Иконите се дело на монаси од манастирот „Св. Дух“ во Оропос, Источна Атика.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ιερός ναός Αγίας Παρασκευής“. Η πόλη μας. Посетено на 12 септември 2016.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Γιαννιτσά - η πρωτεύουσα του κάμπου“. Τσακήλι. Посетено на 12 септември 2016.
  3. 3,0 3,1 Αποστολίδου, Γεσθημανή. „Τα Γιαννιτσά ... χθες και σήμερα“. стр. 42. Посетено на 16 јануари 2020.
  4. 4,0 4,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/9835/222/25-4-1990 - ΦΕΚ 355/Β/13-6-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2020-09-27. Посетено на 20 октомври 2014.
  5. 5,0 5,1 Πασχούδη, Μαρία Χρ (2010). Από τις Καρυές Ανατολικής Ρωμυλίας στα Γιαννιτσά (Ιστορία – Πνευματικός βίος). Διπλωματική εργασία (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 75.