Прејди на содржината

Црква „Св. Недела“ - Скребатно

Координати: 41°9′59.59″N 20°52′39.79″E / 41.1665528° СГШ; 20.8777194° ИГД / 41.1665528; 20.8777194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Недела

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Дебарско-кичевска
Архијерејско намесништво Охридско
Парохија Седма охридска
Местоположба

Карта

Координати 41°9′59.59″N 20°52′39.79″E / 41.1665528° СГШ; 20.8777194° ИГД / 41.1665528; 20.8777194
Место Скребатно
Општина Охрид
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Недела
Изградба 2004
Архитектонски опис

Света Недела — понова селска црква во охридското село Скребатно.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црква се наоѓа на патот до селото Скребатно, на околу еден километар под селото.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година.[3]

Црквата била подигната со средства на Борис и Љупчо Шикалоски, кои живеат во градот Охрид, но потекнува од Скребатно.[4] Црквата е изградена по сон на Божа Шикалоска, сопруга на Борис Шикалоски. На сонот нејзиниот дедо ѝ кажал да го побара запоставеното црквиче „Св. Недела“. Постарите мештани на Скребатно се сеќавале на вакво свето место и кога се започнало со копање каде што се наоѓа црквата бил пронајден еден камен со крст.[2]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Црквата е подигната од делкан камен, со впишан крст во вид на тролисна детелина однадвор и кубе. Исто така, поседува и конаци и убаво уреден двор.[2]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Фрескоживописот во црквата бил изработен од академскиот сликар Владислав Коцарев.[4]

Иконостас[уреди | уреди извор]

Црквата поседува иконостас.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 44. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Скребатно“. Рурален развој Охрид (англиски). 2018-10-26. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 2019-12-09.
  3. „Дебарско-кичевска епархија - Намесништва“. www.dke.org.mk. Посетено на 2019-12-08.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Фрескоживописот во црквата Св. Недела- дело на сликарот Владислав Коцарев“. OhridNews (англиски). 2010-08-24. Посетено на 2019-12-08.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]