Црква „Св. Илија“ - Велушина
Свети Илија
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 40°55′38.7″N 21°21′6.1″E / 40.927417° СГШ; 21.351694° ИГД |
Место | Велушина |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Пророк Илија |
Изградба | XVIII век |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Св. Илија — црква во битолското село Велушина. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во јужниот дел на селото, на почетокот на патот за Велушкиот манастир („Св. Ѓорѓи“). Претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на источната страна и калкански покрив. Од југ и запад има отворен трем потпрен на дрвени столбови. Храмот има засводен влез од југ. Во наосот нема траги од живопис. Во апсидата се зачувани фрески на Богородица со Малиот Христос, како и четворица архијереи во долното подрачје, които по стилските особености се датираат во XVIII век, со тоа и самата црква. На стариот обичен иконостас има икони од втората половина на XVIII и почетокот на XIX век.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-26.