Црква „Св. Димитриј“ - Лажец
Свети Димитриј
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Битолско |
Парохија | Бистричка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389° СГШ; 21.284056° ИГД |
Место | Лажец |
Општина | Битола |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Димитрија Солунски |
Завршено | 1861 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Стил | преродбенички |
Св. Димитриј — црква во битолското село Лажец, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, на извесно растојание североисточно од селото. Според натписот над влезот, изградена е во 1861 година, а обновена во 1996 година.[1] Претставува голема трикорабна базилика со затворен трем на западната и јужната страна кој има заеднички покрив. Над западниот дел има камбанарија.
За време на Првата светска војна, бугарската војска во црковниот двор го погребала нивниот потпоручник Фердинанд Доротоев (Доротеев) Попов, загинат на 6 октомври 1916 г. во преспанското село Р’мби.[2]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Лажец“. Мој Роден Крај. Архивирано од изворникот на 2018-07-30. Посетено на 30 јули 2018.
- ↑ ДВИА, ф. 39, оп. 1, а.е. 446, л. 2, 3; а.е. 279, л. 76