Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Буково

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Свети Димитриј“

Црквата „Св. Димитриј“ во Буково

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Буковска
Местоположба

Карта

Место Буково
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Димитар
Изградба XIX век
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабна базилика

„Свети Димитриј“православна црква во битолското село Буково, Битолско. Административно, црквата е дел од Буковската парохија, на Битолското архијерејско намесништво, на Преспанско-пелагониската епархија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.[1][2]

Црквата е централниот храм на селото. Градбата претставува трикорабна базилика, архитектонски тип популарен по 1830-тите години. На источната страна има тристрана апсида, а на запад се издига црковната камбанарија. По должината на јужната фасада има припрата со помошни простории. Внатрешноста на градбата е поделена со два реда од по четири столбови, кои во горниот дел се лачно поврзани. На запад со ниска преграда издвоен е наосот од нартексот. Занимливост за оваа црква е што има катна галерија само над јужниот кораб на црквата, што е реткост.[2]

Ѕидно сликарство постои во полукружните конхи од централната апсида и во протезисот. Според стилските одлики ѕидното сликарство соодвествува со еден дел од иконите на иконостасот кои се датирани кон крајот на 19 век. Иконостасот во црквата е конструиран со два реда на икони и според испишаните натписи врз нив, тие се изработени во текот на 1895, 1896 и 1907 година. Од истиот зограф најверојатно се насликани и иконите на амвонот, на еден од северните столбови од наосот.[2]

Во црквата зачувани се украси од постара црква, мала колекција на икони и царски двери од четвртото десетлетие на 17 век. На царските двери има старословенски натпис „Благовѣщенїі Богородице“.[1] Царските двери веројатно се од стар иконостас од соседниот Буковски манастир или некоја постара црква во селото.[3] Меѓу иконите од 17 век има две престолни. На едната, на Свети Меркуриј, има словенски натпис ЗРМД (1635/1636). Другата е на Свети Архангел Михаил која иконографски и стилски е слична со иконата од Слепченски манастирСлепченскиот манастир, која денес се наоѓа во Музејот на Македонија во Скопје.[3] Иконите од XVII век и царските двери веројатно се дело на мајстори од Линотопската уметничка школа.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 159.
  2. 2,0 2,1 2,2 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манстирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 41. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-08-09.
  3. 3,0 3,1 Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 160.
  4. Палигора, Ристо (2013). Неколку царски двери од ХVІ и ХVІІ век во регионите на Пелагониjа и Преспа, во: Прилози ХLІV 1-2, посветени на академик Цветан Грозданов по повод 50 години научноистражувачка деjност. Зборник на трудови од научниот собир одржан на 4 октомври 2012 година во Охрид. Скопје. стр. 163–164.