Прејди на содржината

Црква „Св. Димитриј“ - Брусник

Координати: 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389° СГШ; 21.284056° ИГД / 41.022389; 21.284056
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Димитриј

Воздушен поглед

македонска православна црква
Епархија Преспанско-пелагониска
Архијерејско намесништво Битолско
Парохија Седумнаесетта приградска
Местоположба

Карта

Координати 41°01′20.6″N 21°17′02.6″E / 41.022389° СГШ; 21.284056° ИГД / 41.022389; 21.284056
Место Брусник
Општина Битола
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Димитрија Солунски
Архитектонски опис
Архит. тип трикорабен
Стил преродбенички

Свети Димитриј (позната и како Св. Димитрија Солунски) — главна селска црква во битолското село Брусник, Македонија.[1]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Црквата е гробиштен храм, изграден на доминантно возвишение на југозападниот крај на селото, со глетка кон Пелагонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградена е врз темелите на средновековна црква со некропола.[2]

Храмот е од првата половина на XIX век,[3] но силно настрадал за време на Првата светска војна. Обвновен е во периодот од 1922 до 1926 година.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата е сместена во заграден двор со црковна порта. Веднаш по портата е камбанаријата. Храмот е трикорабен, со петстрана апсида на исток и тремови од северната и западната страна. Главните влезови се од север — еден за наосот и еден за нартексот. Внатрешноста на наосот е поделена на три кораба со два реда од по пет столба. Над средишниот кораб има полукружен свод, а таваните на страничните се рамни со дрвени даски. Нартексот е со три скалила над нивото на наосот.[4][5]

Фрескоживопис[уреди | уреди извор]

Во храмот нема фрески.[4]

Икони и иконостас[уреди | уреди извор]

При обновата на црквата (1922-1926) се изработени и сегашните икони и иконостас.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  2. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 25. ISBN 9989-649-28-6.
  3. Трифуноски, Јован (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 222-223. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Палигора, Ристо (декември 2011). Студија за поврзување и промоција на манастирскиот туризам на Баба Планина (PDF). Битола: Центар за развој на Пелагонискиот плански регион. стр. 39. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-28. Посетено на 2021-12-25.
  5. „Св. Димитриј село Брусник“. Bitola.info. Посетено на 12 јануари 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]