Црква „Св. Богородица“ - Гостивар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пресвета Богородица

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Тетовско-гостиварска
Архијерејско намесништво Гостиварско
Парохија Гостиварска
Местоположба

Карта

Место Гостивар
Општина Гостивар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Богородица
Изградба 1923
Завршено 1929
Осветување 1929
Архитектонски опис
Внатрешноста на црквата

Пресвета Богородица — главна и катедрална црква во Гостивар, сместена на самиот плоштад. Изградбата на црквата е започната во 1924 година, а нејзиното осветување е извршено во 1929 година. Во 2003 година на црквата извршен е поголем реставраторски зафат.[1]

Велигденски обичаи[уреди | уреди извор]

Во црквата, за време на првите пет недели од Велигденскиот пост, се извршувала мала повечерна богослужба во петоците во кои се читал Акатист кон Пресвета Богородица и се пее петолебие во чест на Христовото чудо со кое прехранил 5000 луѓе со 5 леба. Целата процесија е со цел да се оддаде почит и благодарност на добрите дела кои Христос ги направил во животите на верниците.[2]

На Велики Петок, во црквата се положува Светата Плаштеница и се изнесува Чесниот Крст на кој е распнат Исус Христос. Верниците одат во црква, носат јајца, палат свеќи и по обичај три пати поминуваат под Плаштеницата со цел да го симболизираат поминувањето низ Господовиот гроб, односно преку распетие, страдање и погребение да стигнат до воскресение. Малите деца се тие кои најмногу го почитуваат протнувањето под Плаштеницата.[3]

На Велика Сабота, во утринските часови во црквата се служи Света Василева Литургија.[4]

Во недела, пред полноќ, верниците се собираат пред црквата со црвени јајца и свеќи и се крчкаат по полноќ. Пред 12 часот, богослужителите и верниците прават трикратен опход околу црквата со пеење на Воскресение Христе Твое Спасе“. По опходот, во црквата се служи утрена и литургија на Свети Јован Златоуст.[5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Возобновена црквата на Пресвета Богородица во Гостивар“. Македонска православна црква. 5 февруари 2007. Посетено на 30 април 2010.
  2. „Мало повечерие и благословување на петолебие во црквата „Пресвета Богородица" во Гостивар“. Гостивар Прес. 12 април 2024. Посетено на 13 април 2024.
  3. „Гостивар Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица" во Гостивар“. Гостивар Прес. 3 мај 2024. Посетено на 4 мај 2024.
  4. „Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот“. Гостивар Прес. 4 мај 2024. Посетено на 4 мај 2024.
  5. „Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!“. Гостивар Прес. 5 мај 2024. Посетено на 5 мај 2024.