Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Кадино Село
Рождество на Пресвета Богородица
| |
македонска православна црква | |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Архијерејско намесништво | Прилепско |
Парохија | Малокоњарска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°18′19.1″N 21°27′27.7″E / 41.305306° СГШ; 21.457694° ИГД |
Место | Кадино Село |
Општина | Прилеп |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Богородица Марија |
Завршено | 1862 |
Архитектонски опис | |
Архит. тип | еднокорабен |
Стил | преродбенички |
Рождество на пресв. Богородица — црква во прилепското Кадино Село, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Прилепското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен во југозападниот дел на селото. Изградена е во 1862 година. Претставува еднокорабна засводена градба. Во 1980 година настрадала од пожар во кој изгорил инвентарот. Истат година храмот е обновен. Во црковниот двор е гробот на македонскиот револуционер Методија Патчев кој загинал во Кадино Село во 1902 година.[1]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Црква „Пресвета Богородица", Кадино Село“. Old Prilep. Посетено на 30 декември 2021 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)