Црква Св.Трипун во Мркови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Трипун во Мркови

Црквата Свети Трипун во Мркови — храм од 1866 година[1] и припаѓа на Которската епархија на Римокатоличката црква. Се наоѓа помеѓу селата Мркови и Клинци.

Патот од главниот пат (за автомобили) до црквата е помеѓу два сувоѕида. Над полукружната врата има натпис на латиница на оштетена плоча, а се споменува од 1866 година. Над натписот има кружен прозорец со отвор во форма на розета, направен од стакло и железо, а над него има камбанарија со мало ѕвонче. Црквата има два прозорци, од двете страни, а полукружната олтарна апсида нема прозорски отвор. Во црквата има клупи, неколку икони и крст на ѕидовите.

Протоерејот на Луштица Никола Урдешиќ рекол дека луштичани од православна вероисповед кон овој и Црквата Пресвета Богородица во Котор се однесуваат со посебна почит. Во црквата Св Трипун во претходните децении владиката и верниците доаѓале на Божиќ и Велигден, но сега се помалку. Клучот од црквата Свети Трипун и самата црква го чувал дедото на Никола Урдешиќ. За него се грижел многу децении и отворал секоја недела. Според традицијата, неговите предци ја изградиле црквата „Воскресение на Лазар“ и кога дедото ги завршувал неопходните саботни активности (запалување на кандилото, чистење на црквата, ѕвонење на камбаната пред недела), отишол да го стори истото во црквата Св. Трипун.[2] Таа е една од двете цркви на Луштица посветена на Свети Трифун, а другата е православна. Некои сцени од комедијата „Игла под прагот“ од 2016 година биле снимени во оваа црква.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 89 crkava hercegnovske opštine, br. 78.
  2. Луштица - мала Света гора. Архивирано од изворникот на 17. 08. 2021. Посетено на 23. 08. 2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |archive-date= (help)
  3. Игла испод прага.