Хечбек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фолксваген голф е петвратен хечбек

Хечбек (англиски: hatchback, hatch = отвор и back = заден дел, одзади) — име на автомобил со еден или два реда седишта и задна врата на багажниот простор што се крева нагоре заедно со задното стакло. Хечбекот може да има втор ред преклопни седишта; при преклопување внатрешноста може лесно да се преуреди, создавајќи поголем обем на багажен простор. Хечбек-автомобилите можат да имаат дизајн со две или три различни прегради (простори, волумени). Името „хечбек“ подразбира скратен заден крај на каросеријата во споредба со седан или караван.[1]

Раните примери на хечбекови потекнуваат од 1930-тите, а речникот Merriam-Webster го датира самото име од 1970 г. Дизајнот на хечбек-автомобилите го нудат производителите ширум светот, од „супермини“ до мали семејни коли, како и премиум автомобили и некои спортски автомобили.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „What is a hatchback car? | Cazoo“. www.cazoo.co.uk (англиски). Посетено на 2024-05-09.
  2. „Definition of HATCHBACK“. www.merriam-webster.com (англиски). 2024-04-22. Посетено на 2024-05-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Кој е најбрзиот „набилдан“ компактен хечбек? / ВИДЕО