Херинген (службено Херинген/Хелме; германски: Heringen или Heringen/Helme) — мал град во округот Нордхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на малата река Хелме, 8 километри југоисточно од окружниот град Нордхаузен.
Херинген се наоѓа на јужниот раб од Голдене Ауе, помеѓу ридските масиви Харц и Виндлајте. Низ градот тече реката Хелме. Североисточно од Херинген Хелме се влева во реката Цорге.