Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Фонд за здравствено осигурување на Македонија | |
---|---|
Лого на фондот | |
Податоци за органот | |
Основан | 17 октомври 2000[1][2] |
Надлежност | Влада на РМ |
Седиште | Скопје, Македонија |
Вработени | 705[3] (2021) |
Годишен буџет | 26,947 милијарди MKD[4] (2016) |
Раководители | Магдалена Филиповска Грашкоска Асаф Абдурамани |
Матичен орган | Министерство за здравство |
Мрежно место | |
fzo.org.mk |
Фонд за здравствено осигурување на Македонија (кратенка: ФЗОМ; службено познат како Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија) — македонска институција која ја врши функцијата како единствена осигурителна организација во која се спроведува задолжителното здравствено осигурување врз начелата на заемност солидарност, за целата територија на Република Македонија.[5][6]
Сегашни директори на фондот се Ден Дончев и Орхан Рамадани.[7]
Фондот е основан на 17 октомври 2000 година кога Собранието на Република Македонија донесе одлука со која се именувани членови на Управниот одбор на ФЗО.[2]
Надлежности[уреди | уреди извор]
Фондот ги има следните надлежности:
- ги спроведува прописите и политика на развојот и унапредувањето на здравствената заштита во врска со задолжителното здравствено осигурување;
со општи акти ги уредува прашањата за кои е овластен со овој закон;
- планира и прибира средства од задолжителното здравствено осигурување;
- обезбедува остварување на права од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, се грижи за законито остварување на нивните права и им пружа стручна помош при остварувањата на нивните права и интереси;
- ги плаќа здравствените услуги за осигурените лица на здравствените установи кои ги обезбедуваат здравствените услуги;
- ги плаќа надоместоците на плати и други парични надоместоци;
- ги утврдува цените на здравствените услуги од задолжителното здравствено осигурување, на кои министерот за здравство дава согласност;
- ги утврдува референтните цени за лековите, медицинските помагала, опремата, протезите, ортопедски и други помагала и потрошните материјали кои се користат во здравствената заштита на осигурените лица што Фондот ги надоместува, на кој министерот за здравство дава согласност;
- договара обезбедување на здравствени услуги на осигурените лица со здравствените установи, според нормативи и стандарди засновани врз усвоена медицинска доктрина за ефикасна и рационална здравствена заштита;
- развива сопствен информативен систем со потребни податоци за задолжителното здравствено осигурување;
- ги спроведува меѓународните договори во делот на задолжителното здравствено осигурување;
- врши увид и контрола на договорениот обем и вид на обезбедени здравствени услуги на осигурените лица во здравствњените установи;
- презема мерки за ефикасно, делотворно и економично користење на средствата од задолжителното здравствено осигурување;
- одлучува за правата од задолжителното здравствено осигурување во прв степен и
- врши и други работи во врска со правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување.
Управување[уреди | уреди извор]
Управен одбор[уреди | уреди извор]
Со Фондот управува Управен одбор. Тој се состои од 7 члена кои ги именува Владата на Република Македонија за време од четири години и тоа:
- еден претставник предложен од Министерството за здравство
- еден претставник предложен од Министерството за финансии
- еден претставник предложен од Сојузот на синдикатите на Македонија
- еден претставник предложен од Стопанската комора
- еден претставник предложен од Лекарската комора на Македонија и Стоматолошката комора на Македонија
- еден претставник предложен од Здружението на пензионерите и
- еден претставник на осигурениците предложен од Здружението на потрошувачите.
Управниот одбор има претседател и заменик на претседателот од именуваните претставници од Министерството за здравство и Министерството за финансии кои наизменично по една година се менуваат во текот на мандатот.
За членови на Управниот одбор се предлагаат лица кои имаат високо образование и работно искуство од финансиското работење или од системот и организацијата на здравствената заштита и здравственото осигурување, при што да се води сметка за соодветната и правичната застапеност на граѓаните на сите заедници.
Директори[уреди | уреди извор]
Работоводниот орган на Фондот се состои од два директори, кои се подеднакво одговорни за работењето на Фондот и за обврските што се преземаат во правниот промет. Директорите на Фондот го именува Владата на Република Македонија, на предлог на министерот за здравство.
Подрачни служби[уреди | уреди извор]
Фондот има вкупно 30 подрачни служби, односно скоро во секој град во Македонија.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Службен весник на РМ, бр.84/2000
- ↑ 2,0 2,1 „Историјат на ФЗО“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-12-27.
- ↑ „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2021 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. ноември 2022. Посетено на 5 февруари 2024.
- ↑ „Поголем буџет за нови методи, лекови и зголемен обем на здравствени услуги“ (PDF). ФЗОМ. 2017-01-04. Посетено на 2017-01-05.
- ↑ Службен весник на РМ", бр. 92/2000
- ↑ Амандман 64 од поранешниот Устав
- ↑ „Сашо Стефановски нов директор на ФЗОМ“. Дневник. 1 април 2015. Архивирано од изворникот на 2015-04-04. Посетено на 1 април 2015.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална страница на ФЗО
- Мое осигурување Архивирано на 13 октомври 2016 г.
|