Најголемиот успех во својата клупска историја Ковентри Сити го остварил со освојувањето на ФА Купот во 1987 година, кога во финалето го победиле Тотенхем со 3-2.[1] Клубот, исто така, одиграл 34 сезони во првото ниво на англискиот фудбал во периодот 1967-2001 и биле еден од основачките членовите на Премиер лигата во 1992 година.
Најчесто настапуваат во небесно-сини дресови и шорцеви. Својте домашни натпревари ги играле на Хајфилд Роуд од 1899 до 2005 година, сè до отворањето на Рико Арената во август 2005 која го заменила Хајфилд Роуд како дом на клубот. Сепак, откако клубот не успеал да постигне договор со сопствениците на Рико Арената, рагби клубот Васпс, Ковентри Сити се преселиле на стадионот Сент Ендријус во Бирмингем. Ковентри игра дерби натпревар наречен М69 со локалниот соперник Лестер Сити.