Тумбе Кафе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преименување на Тумбе Кафе во Александрово Брдо. Битола, 1918-1941 (оштетена плоча)

Тумбе Кафе претставува ридско - планински предел сместен на јужниот дел на градот Битола. Има голема значајност за градот, бидејќи е едно од познатите места за рекреација на битолчани. Поврзан е со битолското шеталиште и битолскиот најголем парк, така што доколку се шета од Широк Сокак надолу кон шеталиштето, на самиот крај на истото продолжува нагорнина, односно се влегува во ридот Тумбе Кафе.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

На ридот Тумбе Кафе се наоѓа и битолската зоолошка градина, која е убав додатен дел на рекреацијата. Исто така, од другата страна во подножјето се наоѓаат и Српските гробишта од Првата светска војна, Влашките гробишта и Буковските гробишта и стадионот на ФК Пелистер - Тумбе Кафе. Има две чешми за разладување, има мини - амфитеатар за одржување на културни манифестации со помал карактер, кафана која моментално е во руинирана состојба, а беше најпознато место за дружење во времето на СФРЈ, како и справи за вежбање и рекреација.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]