Тошо Милчев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тошо Милчев
Роден Црешево, Скопско, Македонија
Починал 5 ноември, 1944 година
Скопска Црна Гора
Националност Македонец

Тошо Стојчев Милчев (? во Црешево, Скопско5 ноември 1944 на Скопска Црна Гора) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. По формирањето на Шеснаесеттата македонска ударна бриrада стапил во нејзините редови во септември 1944 година. Иако близу неговото село се воделе борби против балистите, со својот баталјон се префрлил на другата страна на Скопска Црна Гора. Балистите биле побројни, но бригадата успеала да ги разбие. На 5 ноември 1944 година, храбро загинал во една борба против балистичките банди.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 215. На |first= му недостасува |last= (help)