Стојмир Трајаноски
Стојмир Трајаноски | ||
Роден | 1921 година Козица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починал | 18 април, 1945 година Товарник, Хрватска | |
Националност | Македонец |
Стојмир Лазаров Трајаноски ( 1921 во Козица, Кичевско — 18 април 1945 во Товарник, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
По завршувањето на основното училиште, бидејќи немал можност да го продолжи школувањето бил принуден да остане земјоделец. Доброволно се приклучил во народно ослободителното движење во редовите на Осумнаесетата дополнска бригада, а потоа е распореден во Шестата македонска бригада во есента 1944 година, а најпосле во Петнаесетата македонска бригада. Со бригадата учествувал во борбите низ западна Македонија. Учествувал ѝ на Сремскиот Фронт со единиците на Петнаесеттиот корпус. Загинал при пробојот на Сремски фронт, во борба со германците на 18 април кај Товарник. Во борбите бил доста храбар и бил унапреден во чин водник и примен во редовите на КПМ.[1]