Соколански дом (Куманово)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Соколански дом
Соколански дом
Карта
Соколана
Општи податоци
МестоКуманово, Македонија
АдресаУл. „Народна Револуција“ б.б.
Почната26 јуни 1923
Завршена1931
Пуштена во употреба6 септември 1931
Проектирање и изградба
АрхитектМомир Коруновиќ (главен проект)
Владимир Антонов (покривна конструкција)

Соколански дом, познат и како Соколана или Соколски домзграда и поранешно спортско здание во Куманово. Градбата била изградена во 1931, чиј архитект е Момир Коруновиќ. Таа била седиште на кумановското Соколанско друштво.

Историја[уреди | уреди извор]

Изградбата почнала на 26 јуни 1923 и архитект на градбата бил Момир Коруновиќ.[1] Домот е граден со средства од доброволни прилози од населението и од тогашната кумановска еснафска јавност.[2] Во изградбата учествувале и војниците на 22. пешадиски полк сместен во Куманово.[1] Во 1925 година, Соколскиот дом бил покриен, но изградбата повторно застанала. Во 1926 година следел упад од непознати лица и уништување на дел од опремата на Домот, а во меѓувреме поради незавршените работи покривната конструкција попуштила и градбата почнала да се уништува. Поради ова општинскиот инжинер, рускиот архитект Владимир Антонов проектирал нова покривна конструкција која заедно со внатрешноста била завршена во 1928 година.[1] Соколанскиот дом бил завршен во 1931 година и му бил свечено предаден во употреба на Соколанското друштво на 6 септември 1931 година.[3]

Салата на Соколанскиот дом во минатото била користена како домашен терен на КК Куманово.

Во октомври 2019 година, Соколанскиот дом и неколку други спортски зданија биле дадени под владение на Општина Куманово откако Јавното претпријатие за стопанисување на спортски објекти им ги одзело дозволите на тогашните тековни приватни стопанисувачи.[4]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Градбата во своите почетоци содржела затворена спортска сала, најголема во градот од овој вид во време на изведбата, сала за вежбање во зимските периоди, тераса, канцеларии како и попратни содржини. Зградата била изградена во српскиот-источноримски стил, правец кој е карактеристичен за творештвото на Коруновиќ.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Љубен Трајаноски (12 јануари 2022). „Соколски дом во Куманово / Коруновиќ“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 6 октомври 2022. Посетено на 19 мај 2024.
  2. „Почна реконструкцијата на спортскиот комплекс „Соколана" во Куманово“. a1on.mk. 3 февруари 2021. Архивирано од изворникот 2022-12-21. Посетено на 21 декември 2022.
  3. „Соколански дом“. visitkumanovomk.wordpress.com. Архивирано од изворникот 2021-11-16. Посетено на 15 декември 2022.
  4. „Спортските објекти вратени на Општина Куманово во „хорор" издание“. kumanovskimuabeti.mk. 24 октомври 2019. Архивирано од изворникот на 2022-12-06. Посетено на 15 декември 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)