Скопскоцрногорски дијалект — дијалект на македонскиот јазик. Дијалектот спаѓа во групата на западни дијалекти од северното наречје. Дијалектот е сличен со вратничкиот дијалект, а негова главна одлика е зачестената употреба на предлогот у, замена на самогласката а со самогласката у и користење на меѓусамогласно в.[1]
Наставка -мо кај глаголите во прво лице множина: украдимо, одимо, гледамо, видимо, јадемо...
Продуктивно образување на минатите неопределени времиња.
Глаголската форма се менува по истата самогласка што ја определува групата на глаголот во трето лице еднина кој се префрла и во прво лице, притоа додавајќи ја наставката -м: вика-викам, гледа-гледам, носи-носим, живи-живим, везе-везем, јаде-јадем...
Помошниот глагол сум се јавува како сам.
Множинска наставка -е кај именките од женски род со завршеток на а: жене, године...
Наставка -ше за образување на имперфектот: мучеше, тепаше, јаваше, идеше.
Акузативната заменска форма за машки род еднина е њега.
Кратката акузативна заменска форма за машки род еднина е га.