Регионален пат 1206 (ознака: Р1206) — регионален пат во Македонија, со насока на движење најпрвин од исток на запад, а потоа север-југ. Има вкупна должина од 61,5 километри и 11 делници. Патот започнува во скопското село Сарај и се движи на запад кон градот Тетово, а потоа продолжува на југ до Гостивар, движејќи се под Шар Планина.[1]