Ратка Радмановиќ
Ратка Радмановиќ | ||
Родена | 19 мај 1940 Кочани, Вардарска Бановина, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 3 октомври 2023 Битола, Македонија | (возр. 83)|
Националност | Македонка | |
Народност | Македонка | |
Позната | по улогата во: Мајки Сенки Панкот не е мртов Врба Ослободување на Скопје Трето полувреме | |
Занимање | глумица |
Ратка Радмановиќ (19 мај 1940, Кочани - 3 октомври 2023, Битола) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.
Животопис[уреди | уреди извор]
Родена во Кочани, најголем дел од кариерата работела во Народниот театар во Битола. Остварила и низа улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи улоги на сцените на македонските театри особено во Народниот театар во Битола каде долго време и по пензионирањето имала носечки улоги на репертоарот. Радмановиќ остварила десетина улоги на филм, посебно е активна по пензионирањето.
Починала во Битола, на 3 октомври 2023 година.[1]
Филмографија[уреди | уреди извор]
Радмановиќ ги остварила филмските улоги:[2]
Година | Филм | Улога |
1987 | Ѕвездите од 42-та ТВ-филм | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | |
1997 | Преку езерото ТВ-филм | Монахиња во Тирана |
1997 | Џипси меџик ТВ-филм | Циганка |
2001 | Прашина ТВ-филм | Бордел |
2004 | Големата вода ТВ-филм | Втората наставничка |
2007 | Сенки ТВ-филм | Калина |
2010 | Мајки ТВ-филм | Бабата |
2011 | Панкот не е мртов ТВ-филм | Милка |
2012 | Вратите ТВ-филм | Старата дама |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | Мајката на Димитри |
2013 | Само за губитниците ТВ-филм | Бабата |
2014 | До балчак ТВ-филм | Бабата на пенџер |
2015 | Последниот Македонец ТВ-филм | Бабата |
2016 | На Млечниот Пат ТВ-филм | Свекрвата |
2016 | Ослободувањето на Скопје ТВ-филм | Баба Вида |
2017 | Кога денот немаше име ТВ-филм | Бабата на Петар |
2018 | Година на мајмунот ТВ-филм | Бабата од селото |
2018 | На Млечниот Пат ТВ-серија | Свекрвата |
2019 | Врба ТВ-филм | Сребра |
2021 | Небесата горе ТВ-филм | Мара |
2022 | Кајмак ТВ-филм | Натка |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Почина актерката Ратка Радмановиќ“. radiomof.mk. 3 октомври 2023. Архивирано од изворникот 2023-10-03. Посетено на 7 октомври 2023.
- ↑ „Ratka Radmanovic“. IMDb. Посетено на 5 февруари 2023.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ратка Радмановиќ на Семрежната филмска база на податоци (англиски)