Прејди на содржината

Разговор:Чинар

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Претставува големо шумско дрво до 40м. високо и до 3м. дебело. Кората се лупи во вид на тенки неправилни лушпи кои опаѓаат со што се добива шарен изглед. Многу често во природните популации во понискиот дел од деблото кората напукнува во вид на подлабоки неправилни мали плочки кое е од траен карактер. Пупките се конусни долги до 9мм покриени со 1 покривна лушпа целосно се опфатени со основата на лисната дршка, поради што се гледаат по опаѓањето на лисјето. Лисната плојка е широка до 20см. длабоко всечена на 5-7 дела и со клиновидна основа. Лисната дршка е долга до 7см. По својата форма не се разликува лисјето од кусорастите и долгорастите. Цутењето се одвива едновремено со пролистувањето кое се случува во текот на април. Цутовите се собрани во топчести соцутија, наредени машки и женски околу оски, со тоа што оските со машки и женски цутови е одвоени. По цутењето машките соцутија се сушат и опагаат, а женските се развиваат во топчести соплодија и се зрели наесен истата година. Нивниот број по секоја оска се држи 2-8, а средно 3-4. Тие се распагаат на почетокот на пролетта следната година.

         Платанот е светлољубив, топлољубив и хигрофилен вид. Оптимални услови за својот развој наоѓа по крајречните наноси, без оглед на нивниот состав и структура.
         Платанот продуцира тврдо дрво кое е слично на буковото и може да најде најразлична примена. Со оглед на неговиот брз растеж, големата продуктивност и скромност кон почвените услови овој вид заслужува да биде одгледуван било во комплекси или линиски насади.