Подлешко Езеро — вештачко езеро во близина на селото Подлес. Сместено е на околу 14 км од населбата Градско, на падините на планината Клепа, и до него се стига по асфалтен пат. Изградено е од страна на некогашниот агрокомбинат „Лозар“, со цел наводнување на многубројните површини со овошки и жито во околината на Градско.[1]
Во мај 2015 година било најавено потпишувањето на договор на Општина Градско со Бирото за регионален развој и Министерството за локална самоуправа за спроведување на проект со средства во висина од 1,8 милиони денари за опремување на Подлешкото Езеро, со што истото би прераснало во рекреативен туристички центар. Со средствата за проектот била предвидена изградба на видиковци, рекреативни патеки, поставување на клупи и целосно уредување на околината.[1] Во ноември 2015 година било објавено дека проектот е успешно завршен.[2]