ПУ „Славко Лумбарковски“ - Агларци
Славко Лумбарковски | |
---|---|
Поглед на подрачното основно училиште „Славко Лумбарковски“
| |
Место | |
Општина: | Општина Новаци |
Наречено по: | Славко Лумбарковски |
Нас. место: | Горно Агларци, Долно Агларци |
Адреса: | с. Агларци |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1947 |
Број на ученици: | 15 (2021/2022) |
Настава на: | македонски |
Контактни информации |
Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Агларци; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште на селата Горно и Долно Агларци, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци.
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба[уреди | уреди извор]
Училиштето се наоѓа непосредна од десната страна на патот од Добромири до Долно Агларци, во аголот образуван со исклучувањето за Горно Агларци.
Објект[уреди | уреди извор]
Објектот на училиштето бил изграден во 1947 година и зафаќа површина од 250 м2.[1]
Настава[уреди | уреди извор]
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.[2] Наставата се изведува во една смена.[1]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Влезот на училиштето