Прејди на содржината

Носии од Радовишко Поле и Струмичко Поле

Од Википедија — слободната енциклопедија

Народните носии од Радовишко и Струмичко поле биле носени во Струмичко поле и во Радовишко поле, заедно со радовишкиот дел од Лакавица.

Женска носија[уреди | уреди извор]

Женската носија од рамничарскиот предел Радовишко Поле, која со незначителни разлики се јавува и во соседното Струмичко Поле, е лесна, главно од платнени облеки - кошула и саја, украсени со везбени мотиви, врз кои на половината се опашува волнен појас и ткаен прегач, од кој како најубав се издвојува с’нце прегач. [1]

Машка носија[уреди | уреди извор]

Во машката носија, освен кошулата и гаќите од дебело платно, се носи карактеристично широко набрано, платнено долниште фустан и елече од пругасто шарена волнена ткаенина, а покривката за глава е ткаена декоративно орнаментирана крпа. Во составот на празничната носија на младите мажи влегуваат калчини - ногавици од бел шајак со аплицирани украсни црни гајтани.

Мажи и жени собрани кај чешмата во селото Добрејци, Струмичко Поле (1941)

Носијата наменета за младоженците наречена зетоска е најдекоративна и најбогато украсена, а поодделните облеки од нејзиниот состав носат назив бовчалски зашто се добиваат како дар од невестата.

Оваа лесна носија составена од повеќе бели платнени облеки со декоративни везбени мотиви во женската или богати дипли во машката носија, делува едноставно на складна со впечатливоста на елегантната усогласеност на белите платнени облеки, со дискретната разнобојност на украсувањето и оформувањето на поделните облеки во составот на носијата. [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Томовски, Крум (1996). Етнологија на Македонците. Скопје: МАНУ. стр. 155. ISBN 9989-649-25-1.