Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов.
Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“.
САД ги прекинаа дипломатските односи со Куба. Во април истата година кубанската армија и кубанскиот народ ја попречија инвазијата на кубанските контрареволуционери кои со помош на САД се истоварија во Лас Вегас.
Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник и официјално да биде прогласен за неработен.
Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.
По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност.
По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање.
Францускиот истражувач Рене-Робер Кавелје де ла Сал ги откри величествените Нијагарини Водопади, една од најубавите природни реткости на светот. Во следните три години го помина целиот тек на реката Мисисипи, и во чест на Луј XIV сливот го прогласил за француски посед наречен „Луизијана“. Убиен e во 1687 година во бунт на членовите на неговата експедиција.
Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес.
Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји.
Емил Зола во парискиот весник „Аурора“ го објавил написот „Обвинувам!“ со кој ја обелоденил аферата Драјфус и ја обвинил француската влада за дискриминација на Евреите.
Хенри Форд, „крал на американската автомобилска индустрија“, ја пушти во работа првата бескрајна производна лента. Тоа значеше пресвртница, бидејќи го забрза производството на автомобили и придонесе за големо намалување на нивната цена.
Во СССР се лансирани во вселената бродовите „Сојуз-4“ и „Сојуз-5“ и за првпат во историјата е формирана експериментална вселенска станица и е остварено преминување на астронаутите од еден во друг вселенски брод.
Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, со тоа основајќи ја денешната ветеринарна служба во Македонија.
Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.
Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.
Франција ја призна независноста на САД, кои водеа ослободителна војна против британското колонијално владеење. Во борбата на страната на Американците учествуваа неколку илјади Французи, меѓу кои и маркизот Ла Фајет, еден од најистакнатите воени соработници на Џорџ Вашингтон. Победата на САД и демократското уредување на новата држава имаше голем одек во Франција, каде што набрзо дојде до буржоаската револуција.
Во САД е воведена прохибиција (забрана) на производство, точење и уживање на алкохолни пијалаци. Оваа мерка не доведе до подобрување на општествените прилики, туку, напротив, лавината на корупцијата и на ганстерството доби уште поголем замав. Прохибицијата во 1933 година ја укина претседателот Франклин Рузвелт, отфрлајќи ја како штетна, утопистичка идеја.
Одржано е основачко собрание на партијата Македонска алијанса. Регистрирана е на 22.03.1996 година, а промовирана на 14.06.1996 година. За претседател на партијата е избран Ѓорѓија Атанасовски.
Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на Јужниот Пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен.
Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.
Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.
По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.
Претседателот на САДБил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.
Владеачката социјалистичка партија во Грција (ПАСОК) го избра Костас Симитис за премиер на Грција. Основачот на ПАСОК, Андреас Папандреу поднесе оставка на функцијата поради нарушена здравствена состојба.
Поранешниот германски канцеларХелмут Кол поднесе оставка на местото почесен претседател на Демохристијанската унија поради финансиски скандал односно противзаконско собирање парични донации додека ја предводеше германската Влада.
Поранешниот политички водач на расформираната ОНА, Али Ахмети официјално побара од трите партии на Албанците во Македонија да делегираат по двајца свои претставници кои ќе бидат членови на Координативниот одбор на албанските политички субјекти и поранешните припадници на ОНА.
Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар.
Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ.
Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основање на папската швајцарска гарда.
Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
Најкатастрофалниот земјотрес во историјата се случил во густонаселената покраина Шенси во Кина, во кој се проценува дека загинале околу 830.000 луѓе. Огромниот број на жртви се должи на тоа што живееле во вештачки пештери („јаодунг“) ископани во растресита глина.
Морнарицата на ДНР Кореја го заробила американскиот шпионски брод „Пуебло“, тврдејќи дека навлегол во севернокорејските води. Случајот предизвика голема напнатост меѓу двете земји. ДНР Кореја подоцна го ослободила екипажот, а бродот и денес претставува туристичка атракција во Пјонгјанг.
736 затвореници од Англија пристигнале во Австралија, во Порт Џексон (денешен Сиднеј), и ја формирале првата европска колонија на новиот континент. Ден на Австралија.
Потпишана е германско-полска изјава за ненапаѓање и за мирно решавање на споровите. Со тоа Хитлер доби безбедност на исток и можеше да тргне во освојување на Подунавје. Излегувањето на Полска од францускиот блок значеше голема пукнатина на европскиот систем на колективна безбедност и успех на Хитлер.
Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
Во Скопје е отворена првата државна градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.
Под водство на Матија Губец, во Хрватска избувна Селанската буна против неподносливите услови за живот што ги наметнаа австриските и унгарските феудалци. Тоа беше една од најголемите селански буни во Европа во тоа време. Востанието беше крваво задушено, а Матија Губец беше погубен во Загреб, на 15.02.1573 година. Хрватскиот писател Август Шеноа по тој повод го напиша романот „Селанска буна“.
Австроунгарскиот престолонаследник, надвојводата Франц Карл Јосиф Рудолф Хабсбург и неговата седумнаесетгодишна љубовница, баронесата Марија извршиле самоубиство во царската ловечка куќа во Маерлинг.
На планината Кожуф генералштабот на НОВ и партизанските одреди на Македонија и Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ одржуваат советување. Одлучено е што поскоро да се изберат делегати од сите народни одбори од Македонија и да се забрза со подготовките за свикување на АСНОМ.
Руска подморница го торпедирала и потопила германскиот брод „Вилхелм Густлов“, преполн со бегалци при што загинале над 9.000 лица. Тоа се смета за најголема поморска катастрофа во историјата.
Како прилог на весникот „Вечер“ излегол првиот број на весникот „Занаетчија“, гласило на Здружението на занаетчиски и други самостојни стопанственици на град Скопје — Стопанска комора на Македонија.