Миле Штерјоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Миле Штерјоски
Роден 1923 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија.
Починал Логор Гусен во Австрија.
Националност Македонец

Миле Стефанов Штерјоски ( 1923 во Кичево — 1944 во Австрија) — македонски партизан, борец за слобода на Југославија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште и гимназија во Охрид, заминал да студира во Белград. Окупацијата на Југославија го затекнала во Белград. Бил активен младинец и раководител на СКОЈ - група. Неговата активност била откриена ѝ во летото 1944 година бил затворен од германските власти на Бањица, а потоа однесен во логорот Маутхаузен - Гусен во Австрија каде и починал на 4-ти Ноември 1944 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 150.