Лоњско Поље (македонски: Лоњско Поле) ― најголемото заштитено мочуриште и во Хрватска и во целиот дунавски слив. Зафаќа површина од 505.6 км квадратни, се протега по течението на реката Сава од областите источно од Сисак, долниот тек на реката Лоња поради која е именувана, до областите западно од Нова Градишка, по течението на реката Велики Струг.
Областа на Лоњско Поље е означена како природен парк (park prirode), еден вид заштитено подрачје во Хрватска. Установата е основана во 1998 година, а седиштето е во село Јасеновац.
Според критериумите на Директивата за птици на Европската Унија, паркот е важно живеалиште за птиците (Важна област за птици - IBA).