Лидискиот јазик бил индоевропски јазик зборуван на територијата на регионот Лидија во западна Анадолија во Турција. Припаѓа на групата на анадолски јазици на индоевропските јазици. Јазикот има поголем број уникатни црти што ги нема во околните јазици од тој регион. Јазикот во пишана форма е пронајден во околу 100 натписи што датираат од 4 век п.н.е. Натписите вклучуваат многу епитафи и многу графити. Епитафите запонуваат со зборовите eś wãnaś или овој гроб... Јазикот користел своја азбука наречена лидиска азбука и е слична со сите останати азбуки од тој регион. Имало 7 самогласки a, e, i, o, u, ã, ẽ.